1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ министри – Косово

7 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BdUP

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре се среќаваат на неформални разговори во португалскиот пристанишен град Виана до Кастело. Централна тема на средбата е иднината на Косово, при што министрите бараат патишта за зачувување на единството на ЕУ по ова прашање. До сега Европејците немаа заеднички став за случај да пропадне и новата рунда преговори за статусот на покраината. На средбата ќе присуствува и преговарачот на ЕУ во Тројката, Волфганг Ишингер, кој од прва рака ќе ги информира министрите за напредокот во преговорите.