1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – подготвки за самитот

18 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ay8H

Пред кризниот самит на Европската унија германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер уште еднаш ги повика сите влади на компромис во врска со спорот околу промените на европскиот договор. На крајот од самитот ќе има само заеднички губитници, или заеднички победници, изјави Штајнмајер на маргините на министерската средба во Луксембург. Полска потврди дека ќе стави вето до колку државите на Унијата не се подготвени да и дадат поголема тежина на владата во Варшава во гласањето во министерскиот совет.