1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-поздравен договорот за нова српска влада

12 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag51

Германското претседателство со ЕУ од српските партии, кои се договорија да формираат каолиција за состав на нова влада бара спроведување брзи реформи.Дури по нив би можеле повторно да почнат преговорите за приближување на земјата кон ЕУ.Слична порака до Белград упати и евродипломатот Хавиер Солана.

Вечер во Белград треба да продолжи конститутивната седница на српскиот парламент, со предлогот за разрешување на Радикалот Томислав Николиќ од функцијата претседател на Собранието и со изборот на новата влада.По неколку месеци преговори,вчера Демократската партија,Демократската партија на Србија и Г 17 плус се согласија да формираат заедничка влада.