1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ постигна согласност за законот за банките

ЕМФ/дв27 јуни 2013

На вонредната средба во Брисел министрите за финансии на ЕУ во текот на ноќта (26/27.06) постигнаа согласност за правилата според кои ќе се спасуваат и затвораат банките во криза. Кој ќе плаќа за тоа?

https://p.dw.com/p/18xE8
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Денеска постигнавме политичка согласност во Советот“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во раните утрински часови (27.06) по седумчасовната средба на 27-те министри за финансии во Брисел. Со тоа, министрите даваат сигнал непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ дека се продолжува со работата на создавање банкарска унија, која треба да донесе поголема доверба во европските банки и финансиски пазари.

Кој ќе плаќа?

Големите банки во Европа кои се во криза во иднина ќе бидат спасувани главно од страна на нивните сопственици и доверители, а не од страна на даночните обврзници. Министрите за финансии се договорија за правилата за гарантирање. Притоа, државата е последна која би требало да ги пополнува дупките во банкарските биланси. Претходно, за спасување пари ќе даваат акционерите, сопствениците на банкарски обврзници и штедачите кои имаат заштеди над 100.000 евра. Земјите членки ќе можат да направат и исклучок доколку губењето на средства за учество има големи последици.

„За нормалните доверители и штедачи тоа е повеќе теорија, но за стабилноста на финансискиот систем во целина ова е важен чекор“, изјави Шојбле. Правилата треба да придонесат за поодговорно однесување на банките, објасни холандскиот министер за финансии Јерон Дијселблум.

За законот за банките земјите на ЕУ сега треба да преговараат со Европскиот парламент. Законот е важен  елемент на планираната банкарска унија, чии темели треба да бидат поставени до крајот на јуни.