1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ по пет години подготовки праќа делегација во Иран

АМ/миа19 октомври 2012

Делегација на Европскиот парламент, по пет години подготовки и одложувања, ќе го посети Иран меѓу 27 октомври и 2 ноември, соопшти прес-службата на Парламентот. Дел од европратениците се противат на таквата одлука.

https://p.dw.com/p/16T3h
Фотографија: DW

Делегацијата ќе биде составена од девет пратеници од сите главни фракции во Европскиот парламент. Членовите на ЕП за време на посетата на Иран ќе се сретнат со иранските државни лидери и претставници на опозицијата. Таа ќе биде предводена од финската европратеничка Тара Кронберг, која раководи со одделот на Парламентот за соработка со Иран.

Повеќе европратеници се противат на ваквата посета, бидејќи сметаат дека е несоодветно да се испраќа делегација во Иран во момент кога Европската унија го зајакнува притисокот врз Техеран и воведува нови санкции против него.

Оваа посетува се подготвува и се одложува пет години. Доколку во меѓувреме не се појават дополнителни препреки посетата ќе се реализира и покрај противењето на повеќе европратеници.