1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ привремено ги прекина преговорите со Русија

Кристоф Хазелбах 2 септември 2008

ЕУ повика на мировно решавање на конфликтот на Кавказот. Истовремено Брисел на вонредниот самит ја осуди „неодмерената реакција“ на Русија. ЕУ привремено ги прекина преговорите за нов договор за партнерство со Русија.

https://p.dw.com/p/F93L
Францускиот претседател Никола Саркози и претседателот на Комсијата на ЕУ Жозе Мануел БаросоФотографија: AP

ЕУ ќе направи нов обид да посредува за надминување на кризата во Грузија. Наредниот понеделник претседавачот со ЕУ, Никола Саркози, претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Баросо и европскиот шеф дипломат Хавиер Солана ќе отпатуваат во Москва на нови разговори со руското раководство. Но се додека руските трупи се стационирани во Грузија, Унијата нема да ги продолжи разговорите за нов договор за партнерство и соработка „Европската унија посакува вистинско партнерство со Русија, но за тоа се потребни двајца. Унијата и натаму ќе ги испитува околностите на кризата во односите со Русија.“ смета Саркози.

Одложувањето на овие преговори беше и единствено средство со кое Брисел можеше да изврши притисок врз Москва. Инаку целиот самит беше во знакот на деескалација, и како и многу европски шефови на држави и влади и претседателот на ЕУ парламентот Ханс Герт Петеринг гледа грешки и на грузиска страна „И ако мора да заклучиме дека претседателот на Грузија со воените дејствија што ги презема во Цвингали, Јужна Осетија направи големи грешки, однесувањето на Русија во никој случај не може да се оправда.“

Русија не мора да стравува


Но Русија не мора да стравува од сериозни консеквенции, а она што шеф дипломатот Хавиер Солана има да им го соопшти на Грузијците е далку помалку од она на што тие се надеваа „Тоа што во односите со Грузија е многу важно е политичката поддршка, економската поддршка, присуство во земјата.“ - што би значело економска помош за обонва и околу 100 цивилни посматрачи на ЕУ.

Русија во меѓувреме сигнализираше дека е подготвена за прифаќање меѓународни полициски трупи во тампон зона околу Абхазија и Јужна Осетија но и најави дека во прва линија нема да го намали бројот на трупите. Русија може да смета и на разбирање од страна на некои европски влади поради тоа што, како што во едно интервју рече и францускиот премиер Фијон, Русија во последните 20 години на одреден начин била понижувана. Токму ваквото разбирање за Русија е она што наидува на неодоброување не само во Грузија туку и од страна на некои источни земји членки на ЕУ како Полска и Чешка на пример. На тој начин линијата на поделба во ЕУ минува токму меѓу државите кои биле дел од поранешниот источен блок и старите ЕУ држави на Западот - поделба, која сите се обидуваат да ја одбегнат.