1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Русија самит

18 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag2w

Германската канцеларка Ангела Меркел пред денешниот почеток на самитот Европска Унија – Русија, во Самара се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Со поглед кон големиот број проблеми што ги оптоваруваат меѓусебните односи, Меркел по средбата изјави дека е подобро да се разговара меѓу себе, токолу да се зборува еден за друг. На крајот од денешниот самит нема да има директни резултит, но барем ќе се зборува за различните ставови. Кон проблемите спаѓаат руската забрана на увоз на полско месо, како и планиранот стационирање американски ракетен штит во Послка и Чешка. Властите на опозиционите групи и нивните водачи, меѓу нив и Гари Каспаров, им забранија да патуваат за Самара.