1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Русија

16 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3j

Русија не гледа никаква криза во односите со Европската унија. Советникот на Кремљ надлежен за односите со Унијата, Сергеј Јастржембски, на прес-конференција изјави дека во последно време се појавија некои работи што доведоа до влошување во односите. Меѓу нив на прво место ги стави американските планови за стационирање ракети во Полска и Чешка, меѓутоа само поради тоа да се зборува дури и за прекин на односите Европска унија – Русија е претерано. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер вчера во Москва со рускиот претседател Владимир Путин разговараше за расчистување на ситуацијата. Утре во рускиот град Самара ќе се одржи самит меѓу Унијата и Русија.