1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-САД-договор за податоци од патниците

29 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B7eU

Американските власти,како ФБИ, од август ќе имаат пристап кон 19 наместо кон 34 лични податоци на патниците во транстланскиот сообраќај.Ова го предвидува договорот кој го одобрија 27 земји членки на ЕУ.Податоците од американските власти ќе бидат чувани 15,наместо досегашните триипол години.

Деталите претходно ги договорија еврокомесарот за правда и безбедност Франко Фратини, германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле и американскиот секретар за безбедност Мајкл Чертоф. Според договорот европските авиопревозници мораат да дадат информации за податоците на патниците, вклучувајќи ги нивните адреси и броевите на кредитните картички.