1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ - САД – Косово

1 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8e

ЕУ и САД го повикаа Советот за безбедност на ОН без одлагање да усвои резолуција за идниот статус на Косово. Тие го поддржаа предлогот на пратеникот на ОН, Марти Ахтисари, за “надгледувана независност“ на покраината. Во документот усвоен на самитот во Вашингтон, се вели дека САД и ЕУ ќе работат заедно во координација со НАТО и ОН на осигурување безбедност на Косово во текот на преодниот период по утврдувањето на статусот. Во документот на ЕУ и САД се наведува и дека се поддржува европската и евроатлантската перспектива на сите земји од Западниот Балкан и дека ќе се продолжи со помошта на земјите на тој пат.