1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сака да знае каде и одат парите

Елена Петреска9 мај 2007

ЕУ на Македонија досега и додели повеќе од 320 милиони евра финансиска помош чија искористеност преку европската агенција за реконструкција се одвивала совршено. Меѓутоа Брисел сега бара од Македонија што поскоро да ги зголеми капацитетите за да може самата да раководи и да ги имплементира натамошните проекти. Унијата нема да ризикува нејзините пари да се трошат бесцелно вели претседателот на комисијата

https://p.dw.com/p/AdYT
Европскиот парламент во Брисел
Европскиот парламент во Брисел

за буџетска контрола на ЕП Херберт Бош за Дојче Веле. Со него разговара Елена Петреска

Господине Бош,какви се Вашите впечатоци од престојот во Скопје?Дали Македонија ги исполнува преземените обврски и зададените задачи?

-Не знам, бидејќи тоа не беше целта на нашата посета. Она што можам да го кажам е дека сме овде за да видиме како се користат европските средства. За да добиеме впечаток како Макеоднија ги користи парите од Европа и од она што го видовме, како работи Европската агенција за реконструкција, нашиот впечаток е позитивен, ова го кажувам во име на целата делегација.

Досега ЕУ на Македонија и додели повеќе од 320 милиони евра финансиска помош.Дали се тие наменски искористени?

-Немаме впечаток дека нешто е поинаку направено. Уште еднаш можам да повторам дека од она што го видовме впечатокот е позитивен, и дека парите на даночните обврзници од Европа се искористени за наманета за што се дадени.

Зошто тогаш македонската влада не го преземе сама управувањето со помошта,сеуште е актуелна Европската агенција за реконструккција?

-Значи пред неколку дена Европскиот парламент донесе резолуција во која што се потврдува дека навистина се вреднува високо се цени работата што Европската агенција за реконструкција ја извршува. Очигледно е дека постои одредено пролонгирање на изградбата на капацитетите и на апсорпцијата во рамките на македонската влада. И токму поради тоа Европската комисија инсистира да се продолжи работата на европската агенција за реконструкција до 2008 година.

Ако добро Ве разбрав,Вие не и верувате на македонската влада како ги распоредува средствата?

-Досега не, нормално затоа што тие не раководат со овие средства. Меѓутоа факт е дека Македонија има статус на земја кандидат и така треба и да се однесува.

Кога на Македонија ќе и станат подостапни европските фондови.Сега е актуелна ИПА програмата.

-Можам да кажам дека тие средства ќе бидат на располагање веднаш. Бидејќи тие се продолжение на помошта што се користи од КАРДС програмата, нема никаков прекин средсвата ќе бидат на располагање штом ќе се воспостави систем. Ќе постои агенција што ќе ги имплементира ИПА фондовите.

Значи за поголем пристап до европските фондови Македонија треба да почека додека не ги започне преговорите за членство во ЕУ?

За наредните три години средствата се фиксни а за натаму ќе видиме.

Кој проект што го финансира Европа за Македонија Вие го оценувате како најважен?

-Како проекти можеме да спомнеме многу работи. Инфраструктура, канализационите решенија, реконструкцијата, црквите, но на крајот на краиштата Европа е политички проект и настрана мојата работа кога станува збор за парите на даночните обврзници и контролата како тие се трошат, унијата подразбира компромис, подразбира заеднички вредности, подразбира почитување на другите. Денеска многу сум среќен што присуствувавме на една церемонијата на ЗЕЛС, на поставување на камен темелникот на куќата на општините. Таа ќе биде во полза на заедниците, дали ќе бидат тоа рурални, села и градови, сепак станува збор за децентрализација во која сите се почитуваат. Тоа се најважните проекти.

Впечатокот е дека најголема сума пари се троши за инфраструктура во Македонија.Ќе дојдат ли на ред коридорите 8 и 10 или Европа тотално ги заборави?

-Мислам дека не. Посебно коридорот 10. Тоа е европски коридор и не верувам дека е заборавен. Кога станува збор за коридорите Македонија не е сама, всушност има многу заинтересирани земји во рамките на Европската унија кои што се исто така вклучени.

Дали сметате дека граѓаните на Македонија се доволно запознати со европските фондови?Општ впечеток е дека тие не знаат како да дојдат до нив.

-Не е тоа само впечаток овде во Македонија, туку и во Европа луѓето не се точно запознати со можностите кои што им се на располагање. Она што го забележав е дека во оваа земја има мнгогу позитивно расположение во поглед на интеграцијата кон Европската Унија.

Како реагираат Европјеците кои го полнат буџетот на Унијата кога таа троши пари на мала земја каква што е Македонија која уште не ги ни почнала преговорите за прием?

-Мислам дека Европската унија е еден од големите играчи во светот во поглед на хуманитарната помош и секогаш смета дека треба да му се помогне на послабиот и граѓаните на европската унија тоа го знаат. Но од друга страна кога се знае дека помошта не исчезнува туку парите се користат властите треба да гарантираат односно да знаат од каде потекнуваат тие средства и одговорно да ги користат.

Вашето доаѓање во Македонија се совпадна со Денот на Европа.Колку според Вас е оддалечена Македонија од Унијата и кога би ги исполнила условите за да и се приклучи?

-Мислам дека оваа посета на комисијата за буџетска контрола е знак дека Македонија се доближува до Европа. се ближи односно дека е блиску.