1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сака „нов капитализам“, но од каков вид?!

Михаел Бекер7 ноември 2008

Шефовите на држави и влади на ЕУ денеска се среќаваат во Брисел на вонреден самит, на кој треба да изготват заедничка позиција спроти првиот Светски финансиски самит во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/FozD
Ќе најдат ли заеднички став за создавање нов светски финансиски поредок? Во Брисел се среќаваат лидерите на ЕУФотографија: DW

На првиот Светски финансиски самит во Вашингтон треба да се постават темелите за нов светски финансиски поредок, со кој ќе се оневозможи повторување на актуелната меѓународна финансиска криза. ЕУ принципилено сака да ги увери партнерите на самитот дека е нужна засилена контрола на берзите, но прашање е на кој начин. Позициите на Европејците се различни.

Николас Саркози е многу горд, бидејќи според него Европа - секако со него на чело - ја презела водечката улога во надминувањето на светската финансиска криза: „Европа стана водечка сила, нејзините идеи за организирањето на финансиските пазари во иднина станаа подлога за дискусија.“

Finanzgipfel Bush Sarkozy Barroso
Радо ја презема водечката улога: францускиот претседател Николас Саркози со американскиот претседател Џорџ Буш и шефот на ЕК, Жозе Мануел Барозо во Кемп ДејвидФотографија: AP

Заедничкиот именител е познат

Британскиот премиер Гордон Браун деновиве во повеќе прилики ја повтори позицијата околу која постои консензус во ЕУ: „Ова е глобален проблем, за којшто е потребно и глобално решение. Ниту една земја, се’ едно колку е голема, не може да го реши сама.“

Значи, согласност за сега постои околу намерата берзите подобро да се контролираат и да се обезбеди поголема транспарентност на светскиот финансиски систем. Но, околу тоа како да се постигне таквата цел, се’ уште има разлики:

„Финансиските пазари на 21-иот век не можеме да ги ставиме под контрола со средствата од 20-тиот век“ - тврди Николас Саркози и бара еден вид светска економска влада. Таа идеја е негова, но тој најрадо би ја пласирал на самитот во Вашингтон како европска.

China Asien EU Finanzkrise Treffen in Peking Fogh und Merkel
Се бори за заедничка позиција: канцеларката Ангела Меркел со данскиот премиер Размусен на самитот Европа-АзијаФотографија: AP

Разлики постојат околу начините

Германската канцеларка Ангела Меркел меѓутоа не ја цени таа идеја и уште пред средбата во Брисел даде до знаење дека нема да ја поддржи. На САД од напред да им се наметне некакво решение е тактички погрешно, беше соопштено вчера во Берлин. Од самитот во Вашингтон не може да се очекува многу повеќе од создавање добра почетна позиција за создавање на новиот финансиски поредок. „Таму треба да се даде мандат за преговарачки процес, што не би требало да трае подолго од една година, за на крајот да дојдеме до нови заеднички правила“ - смета канцеларката Меркел.

Најавите од американската администрација спроти самитот и’ даваат повеќе за право на Ангела Меркел, отколку на Николас Саркози.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема