1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт

Јоана Импеј/ Александра Трајковска 31 мај 2012

Денеска (31.05.) Ирците гласаат за европскиот фискален пакт. Во Брисел се надеваат на позитивен исход од референдумот.

https://p.dw.com/p/154Ud
Фотографија: AP

Меѓу 25 земји кои го потпишаа или треба да го потпишат фискалниот пакт на ЕУ, само во Ирска треба да се одржи референдум. Велика Британија и Чешка се против пактот, кој содржи строги правила за буџетска дисциплина, како и правила за национална кочница за долговите. 

Ирскиот премиер Енда Кени се надева на силно „Да“ од Ирците, како што кажа пред три месеци. Меѓутоа расположението во владините кругови, оттогаш се промени.

Enda Kenny Premierminister Irland
Премиерот на Ирска Енда КениФотографија: REUTERS

„Ќе биде изгласан референдумот, но резултатот ќе биде далеку потесен отколку што се мисли“, вели Брајан Хајес кој работи во минстерството за финансии и и’ припаѓа на Фине Геил партијата на премиерот. Последните анкети укажуваат дека ќе биде изгласано мнозинство за пактот, меѓутоа многу граѓани се’ уште се неодлучни, како ќе гласаат.

Мерките за штедење се’ понеомилени

Дека ирската влада за оваа тема се произнесува внимателно, е поврзано со зголемената несигурност во Европа. Новиот француски претседател Франсоа Оланд во изборната кампања вети дека ќе бара промена на европскиот пакт. Политичката ситуација во Грција и натаму е неизвесна. „Во моментов се водат живи дискусии, како понатаму на европско ниво“, смета Сиобан О’ Дoнихју од „Бетер Јуроп“, кои бараат Ирците да гласаат против фискалниот пакт.

Германската кацнеларка Ангела Меркел и натаму е на ставот дека Германија нема да се согласи со промена на пактот, дали пред или по ирскиот референдум.

Brüssel Krisentreffen EU-Sondergipfel Griechenland
Ангела Меркел и Франсоа Оланд со спротивни ставови за фискалниот пактФотографија: dapd

„Во оваа фаза не е можно да се водат дополнителни или нови преговори“, подвлече портпаролот на владата во Берлин Штефен Зајберт.

Пактот ќе стапи во сила кога ќе го ратификуваат 12 земји. Ирска притоа нема право на вето, но доколку Ирците гласаат против договорот, Ирска ќе биде исклучена од поволностите на договорот. Земјата потоа нема, на пример, да има пристап до кредитите на Европскиот механизам за стабилизација, наследникот на спасувачкиот фонд на ЕУ.

Ирска во ноември 2010 години доби 85 милијарди помош од ЕУ и ММФ за да ги стави под контрола долговите. Заговорниците на фискалниот пакт укажуваат дека на земјата евентуално би и’ била потребна натамошна финансиска инјекција.

Поддршка од опозицијата и од стопанството

Двете владејачки партии Фине Геил и Лабуристите би можеле да се надеваат и на поддршка од опозиционата Фиана Фол партија.

„Пристапноста до средствата од Европскиот механизам за стабилизација е екстремно важна. Се разбира радо би сакале да бидеме во позиција да кажеме не ни е потребна натамошна помош, но не можеме да бидеме сигурни“, изјави шефот на пратеничката група и портпрол за надворешно-политички прашања Шон О’ Фергхаил за ДВ.

Bank of Ireland
Банката на ИрскаФотографија: AP

„Усвојувањето на овој пакт ќе ја зајакне довербата во еврото и ирското стопанство, ќе ја поттикне конјунктурата и се надевеме ќе доведе до поголемо вработување“, дополнува.

Поддршка за пактот доаѓа и од стопанството. Шон О’Дрискол од Глем Димплекс, претпријатие за електротехника, уверен е дека Ирска нема да може да остане во еврозоната ако гласачите кажат „Не“: „ Затоа има само една можност, да се гласа со Да“, рече О’Дрискол во Даблин.

Меѓутоа секој знае дека референдумот може да донесе и негативен исход. Деклан Генли, бизнисмен кој уште во 2008 година гласаше против Лисабонскиот договор

е еден од најпознатите претставници на противничкото движење. Најголема слабост на противниците на фискалниот пакт, сметаат набљудувачите, е што тие немаат друга алтернатива, долколку на Ирска навистина и’ е потребна втора финансиска помош.