1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ со конкретни програми за земјите од Балканот

21 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bi5Z

Со конкретни програми и проекти Предпристапниот инструмент ќе ја доставува сета неопходна помош за усогласување на законодавството на ЕУ во државите кандидати и потенцијални кандидати за членство. Од тој механизам целосна полза треба да имаат жителите на Западен Балкан и Турција порача во Брисел еврокомесарот за проширување Оли Рен. Според Рен со цел да поефективно спроведување на децентрализацијата во земјите од Западен Балкан Европската комисија одлучила да го зајакне административниот капацитет во Скопје, Белград, Подговрица и Приштина.