1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ со упатство против „социјален туризам“

АТ/дпа/ртр13 јануари 2014

Првичните, делумно спротиставени коментари од Брисел за социјалната помош за невработените доселеници уште повеќе ја поттикна дебатата за доселување. Сега Комисијата на ЕУ презентираше критериуми за социјална помош.

https://p.dw.com/p/1Apol
Фотографија: picture-alliance/dpa

При темата миграција во Европа, Брисел се бори против силен отпор од некои држави на Унијата. Комесарот за труд на ЕУ Ласло Андор меѓутоа не дозволува да биде понесен од целата атмосфера: ЕУ смета дека вознемиреноста е претерана и се обидува подобро да ги објасни постоечките правила. Дебатите за миграцијата се „понекогаш прекумерно емоционални“, вели Андор.

„Уврен сум дека од наша страна најмногу што можеме да сториме е да појасниме (...) како врз основа на постоечките закони на ЕУ може да се постапува против измама и злоупотреба“, рече Андор денеска во Брисел. Тој исто така претстави упатство на 50 страници за правилата за работа во земјите на ЕУ.

Генерално престојот во друга ЕУ земја е ограничен на пет години, доколку едно лице неможе да најде работа и неможе финансиски да се издржува. Покрај ова важи и правилото: „Нема автоматизам за правото на престој во една друга ЕУ земја подолго од шест месеци“. Ова време било доволно да се најде вработување. Андор нагласи дека повеќе од 14 милиони граѓани на ЕУ, кои живеат во друга ЕУ држава, вкупно плаќаат значително повеќе даноци отколку што добиваат помош од нивните социјални системи. Условите за добивање на социјални услуги биле усогасени меѓу државите на ЕУ.

EU-Sozialkommissar Laszlo Andor Brüssel 8.1.2013
ЕУ комесарот АндорФотографија: dapd

Во Германија изминатата недела предизвика вознемиреност една експертиза на Комисјата на ЕУ за случај пред Европскиот суд. Бриселските власти во неа аргументираат дека германските власти не смеат паушално да ги исклучат ЕУ-странците од социјалната помош. Наместо тоа секој поединечен случај треба внимателно да се провери. Германските политчари на ова реагираа вознемирено.

Генералниот секретар на ЦСУ Андреас Шојер изјави дека бил „шокиран, како Комисијата на ЕУ со тоа лекоумно ги торпедира националните системи за безбедност“. Андор во однос на дебатата во Германија зборуваше за „митови“: „Луѓето веруваат или известуваат понекогаш погрешно дека Брисел притискал, секому уште од првиот ден да му се овозможат социјални услуги“, рече тој: „Ова дефинитвно не е случај“.