1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ - Србија

11 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Beky

ЕУ и Србија го усогласија текстот на договорот за стабилизација и асоцијација. Еврокомесарот за проширување Оли Рен и српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ во Брисел истакнаа дека технички усогласениот договор, што треба да биде потпишан до крајот на годинава, го отвара патот за членство на Србија во ЕУ. Рен меѓутоа предупреди дека пред да биде потпишан договорот, Србија мора целосно да соработува со Судот за воени злосторства во Хаг.