1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ треба да има слух за успехот на реформите во Македонија

12 октомври 2006

Македонскиот премиер Никола Груевски порача и дека земјата мора да се соочи со засилениот отпор во Унијата за нејзино проширување

https://p.dw.com/p/Ac2U
Македонскиот премиер Груевски
Македонскиот премиер ГруевскиФотографија: dpa

Реалноста во ЕУ не е отпор за проширувањето кон Западен Балкан,но донесувањето на заедничкиот устав ќе ги забави европските перспективи на Македонија,.Ова за Дојче Веле го изјави македонскиот премиер Никола Груевски пред заминувањето за Берлин.Тој од в недела ќе биде во дводневна посета на Германија.Со својот домаќин,канцеларот Ангела Меркел премиерот веќе се сретна,но како лидер на опозицијата.Во подготовките на неговата изборна програма,како и платформата на ВМРО ДПМНЕ активна улога имаше фондацијата Конрад Аденауер,со седиште во Скопје,блиска до владеачките Демохристијани.Груевски по престојот во Брисел од новиот претседавач со ЕУ може да чуе или смирувачки тонови или нови профили и стандарди:

„Факт е дека моменталната ситуација во однос на проширувањето на ЕУ е во една критична фаза и највисоките функционери на ЕУ ,притиснати од своите главни градови и мислењето на јавноста во тие држави,бараат одредено забавување и подигнување на стандардите.Тоа е работа со која мораме да се соочиме,тоа значи дека ние како влада мораме да работиме на реформите и при следното одење во Берлин да воспоставиме добра комуникација со канцеларот на Германија,да ги кажеме нашите планови и да побараме откако тие планови ќе се исполнат,да има слух дека во Македонија има прогрес и дека за него ќе бараме прогрес и во ЕУ.“

Груевски не е изненаден од изјавите на канцеларката Меркел и претседателот на ЕК Барозо,дадени неодамна во Берлин,но тој ги застапува тезите дека претходната влада на Бучковски ширела нереален оптимизам не само околу рокот за добивање на кандидатскиот статус на Македонија,туку и за динамиката на исполнувањето на обврските што ги наметнува за прием ЕУ.