1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ја запира финансиската помош за Палестинските автономни подрачја

Бернд Ригерт7 април 2006

Забраната в понеделник на средбата во Луксембург треба официјално да ја одобрат министрите за надворешни работи на ЕУ

https://p.dw.com/p/Ac7Y
Владата од членови на Хамас
Владата од членови на ХамасФотографија: AP

Комесарот за надворешна политика Бенита Фереро-Валднер нареди запирање на сите исплати, оти новата палестинска влада на радикалното исламистичко движење Хамас се’ уште не се откажа од насилство. Дипломати во Брисел велат дека станува збор за „временски ограничена мерка“.

Заканата висеше во воздух уште од победата на Хамас на палестинските парламентарни избори. Со решението за запирање на исплатите е погодена половината од околу 250 милиони евра, кои директно одат кај автономните власти. Другата половина му се дели како помош на населението преку организацијата на ОН за помош на бегалците и други хуманитарни организации.

ЕУ ја смета Хамас за терористичка организација со која не може да одржува официјални контакти. Министрите в понеделник ќе се консултираат дали воопшто да има разговори со претставници на палестинската влада. Од практични и реално-политички одмерувања не би бил добар совет сосем да се затвори вратата, оценуваат дипломати во Брисел.

„Сега имаме нова ситуација во Палестинските автономни власти и јасно е уште од изјавата на блискоисточниот квартет од 30-ти јануари дека патот според кој ќе се однесува самата ЕУ спрема новата ситуација ќе зависи од тоа дали ќе бидат почитувани одредени принципи“ – рече денеска Ема Удвин, портпарол на Комисијата на ЕУ.

Унијата бара од Хамас признавање на израелската држава, откажување од насилство и прифаќање на меѓународниот мировен план, со кој е предвидено формирање и на палестинска држава.

Комисијата на ЕУ проценува дека владата на Хамас без свежи пари од Брисел ќе има крајни потешкотии да обезбеди плати за 140 илјади вработени во автономните власти, од што живее една третина од населението во појасот на Газа и на Западниот брег. ЕУ со години е најголем донатор во буџетот на палестинските автономни власти. Комбинираната помош од Унијата и од поединечните земји-членки достигнува вкупно 500 милиони евра годишно.