1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ реактивира инструменти за заштита на банките

6 октомври 2011

Европската централна банка има намера да спречи евентуални проблеми со ликвидноста во финансискиот сектор. Шефот на ЕЦБ Жан Клод Трише најави активирање на заштитни механизми.

https://p.dw.com/p/12nA0
Фотографија: Fotolia/interlight

Европската централна банка им излегува пресрет на финансиските институти, со оглед кризата што им се заканува. Таа најави дека ќе им стави на располагање на банките финансиски средства со особено долг период од една година, а има и намера повторно да купува т.н кредити со покритие. Ова го најави се’ уште актуелниот шеф на ЕЦБ, Жан Клод Трише, денеска во Берлин. Волуменот на средствата, според Трише, треба да изнесува 40 милијарди евра. Со ова Европската централна банка реактивира инструменти од времето на финансиската криза во 2008 година. Со овие мерки би требало да се спречат евентуални проблеми со ликвидноста во финансискиот сектор.

Deutschland EU Wirtschaft Euro EZB Jean-Claude Trichet in Frankfurt am Main
Жан Клод ТришеФотографија: dapd

Со оглед на инвестииците на банките во државни хартии од вредност од кризните држави на еврозоната од повеќе милијарди евра, порасна недовербата меѓу банките. Тоа се покажува преку големите суми, кои финансиските институти ги складираат во Европската централна банка, наместо да и’ ги позајмат парите на друга банка за високи камати. Трише ги повика банките да ги зајакнат сопствениот биланс и базата од сопствен капитал. Доколку е неопходно, институтите би требало да ги искористат државните механизми. „Ситуацијата во банкарскиот сектор бара посебно внимание“ изјави Трише.  

Автор: АТ/ дпа

Редактор: Горан Чутаноски