1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ ја спушти референтната каматна стапка на историски ниско ниво

ЕМФ/СН/дв/ард/ртр5 јули 2012

Парите во еврозоната се евтини како никогаш досега, барем за банките. За првпат по воведување на еврото, референтната каматна стапка е спуштена под еден процент.

https://p.dw.com/p/15Rjo
Фотографија: dapd

Советот на Европската Централна Банка денеска одлучи за 0,25 насто да ја намали основната каматна стапка која сега изнесува 0,75 насто. Мнозинството економски експерти очекуваа вакво историско намалување на каматната стапка на ЕЦБ како нов чекор во борбата против проширувањето на рецесијата. Ниските рефрентни каматни стапки им доаѓаат добро на банките, особено на оние што се во криза, како во Јужна Европа. Тие сега можат да позајмуваат пари по уште поповолни услови, а истовремено постои можност и да ги зголемат добивките и да создадат сопствен капитал.

Спуштањето на референтната стапка предизвика разочарување на финансиските пазари. Дакс-индексот реагираше со благи загуби на ваквата одлука. Еврото се спушти на вредност од под 1,25 долари.

Повеќето економисти го очекуваат ваквиот чекор на ЕЦБ во борбата против ширење на рецесијата. Одлуката важи како обид за олабавување на еврокризата, за снабдување на банките со пари и за обезбедување евтини кредити за земјите во криза. Сепак, експертите не се единствени во ставот дали намалувањето на каматите ќе и‘ даде поттик на конјуктурата или ќе ја „потпали“ инфлацијата.

Symbolbild Börsenverlauf nach unten
Фотографија: Fotolia/Dan Race

Во меѓувреме, 160 врвни економисти од германското говорно подрачје со невообичаена протестна акција ги критикуваат најновите планови на ЕУ за спас на европските банки. Економските научници во отворено писмо ги повикуваат граѓаните да се спротивстават на плановите на земјите од еврозоната. Економистите посебно се спротивставуваат на т.н „Банкарска унија“, која значи колективно гарантирање за долговите на банките во евросистемот. На даночните обврзници, пензионерите и штедачите од „досега се’ уште солидните земји“ не смее да им се припишува одговорност за осигурување на овие долгови, порачуваат врвните економисти, меѓу кои е и претседателот на угледниот ИФО-институт од Минхен, Ханс Вернер Зин и економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхисхен.