1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ештон бара што поскоро решение за името

АМ/макфакс23 јули 2013

Советот на ЕУ ја поддржува Македонија во нејзините евроинтеграции, а спорот за името треба да се надмине што поскоро, потенцира високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.

https://p.dw.com/p/19D0w
Фотографија: Reuters

Укажувањето дека спорот за името треба да се реши што поскоро Ештон го искажала на средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, која се одржала денеска во Брисел.

Попоски ја информирал Ештон за напорите кои Македонија ги прави за надминувањето на разликите со Грција, како и тоа дека е неопходно на земјата да и’ се овозможи напредок во европскиот пат, базиран врз нејзините постигнувањата.

„Ако не ја засилиме посветеноста и подигнеме нивото, повторувањето на истиот пристап нема да му помогне на амбасадорот Нимиц да ја надмине разликата. Но, за тоа да се случи, потребна е согласност и посветеност во Атина. Тоа имаме право да го очекуваме со оглед на долготрајните опструкции во евро-атланските интеграции“, нагласил министерот.

Попоски во Брисел, заедно со шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус, претседава со десетиот состанок со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија, а на истиот присуствува и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.