Железничкиот сообраќај во Германија се нормализира
17 ноември 2007Реклама
Денеска заврши досега најголемиот штрајк во историјата на германската железница и ситуацијата во железничкиот сообраќај се нормализира, изјави портпарол на компанијата. Машиновозачите штрајкуваа 48 часа во патничкиот, и 62 часа во товарниот сообраќај. И покрај штрајкот, се уште нема најава за договор меѓу синдикатот на машиновозачите и германски железници. Од синдикатот најавија дека доколку до понеделник не добијат нов предлог, ќе одат на штрајк на неопределено време. Машиновозачите со месеци бараат зголемување на платите од 31% од сопствен тарифен договор.