1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жестока акција на НАТО во Авганистан

4 септември 2006

Многу жртви и уапсени во акцијата Медуза на НАТО во Авганистан за борба против бунтовниците во земјата.

https://p.dw.com/p/Adxi
Војници во составот на ИСАФ
Војници во составот на ИСАФФотографија: AP

Во голема офанзива на војниците на НАТО во Авганистан се ликвидирани повеќе од 200 Талибанци, а загинаа и четворица војници на Алијансата. Стотина војници со помош на авиони и хеликоптери учествуваа во операциите на југот на Авганистан. Во соопштението се наведува дека во Операцијата Медуза авганистанските сили заробиле и над 80 Талибанци.

Повеќе од 2000 лица, воглавно бунтовници, но и цивили и хуманитарни работници, загинаа во борбите во Авганистан само годинава. Последниот биланс вели и дека од почетокот на годинава до сега загинале и 110 странски војници кои се во мировна мисија во земјата. На прашањето дали НАТО има доволно капацитет и сили да се справи со бунтовниците во Авганистан, портпаролот во НАТО, Марк Лејти изјави:

„Ако имавме повеќе ресурси дали можевме да направиме нешто повеќе и побрзо? Да, секако. Но, дајте да видиме што се прави со овие ресурси и капацитети кои ги имаме кои не се за потценување. Операцијата Медуза ја покажа моќта на трупите на ИСАФ, а Талибанците го увидоа тоа,“категоричен е Лејти.