1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

130409 Bangkok Lage

13 април 2009

Ситуацијата во главниот град на Тајланд ескалира. И покрај воведената вонредна состојба, дојде до судир меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Интервенираше и армијата.

https://p.dw.com/p/HVn9
Тајландската армија се приклучи во справувањето со демонстрантитеФотографија: AP

Во тајландскиот главен град Бангкок дојде до жестоки судири меѓу антивладините демонстранти и безбедносните сили. Агенциите јавуваат дека е запалена и зградата на министерството за образование. Според еден очевидец, врз зградата се фрлени повеќе молотови коктели по што избил пожар. До судири дошло и пред седиштето на владата. Демонстрантите запалиле и седум автобуси, а очевидци тврдат дека во овој дел на градот се слушале истрели. Во акцијата на безбедносните сили се вклучи и армијата којашто употреби солзавец и пукаше во воздух за да ги растера демонстрантите коишто не ја почитуваа забраната за собирање. Ситуацијата ескалираше кога утрината група демонстранти запоседнаа централна раскрсница во центарот на градот и блокираа повеќе улици. Во интервенцијата на армијата и безбедносни има голем број повредени на двете страни. Според болнички извори, двајца војници и двајца демонстранти имаат прострелни рани. Владиниот портпарол Панитан Ватанагорн изјави:

„Во акцијата има повредени. Се обидовме да преговараме со демонстрантите, но потоа мораше да се употреби и оружје за да се растера масата. Тоа беше неопходно за да може ситуацијата да стави под контрола.“

Thailand Bangkok Militär geht gegen Regierungsgegner vor
Thai anti-government protestors face off with Thai soldiers near downtown Monday, April 13, 2009, in Bangkok, Thailand. Thai authorities have declared a state of emergency shutting down rail service as soldiers continue to battle against anti-government demonstrators. (AP Photo/Wong Maye-E)Фотографија: AP

Демонстрантите од таканеречената група на „црвени кошули“ кои се инаку приврзаници на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој во 2006 година беше насилно сменет поради обвинение за корупција, претходно демолираа неколку армиски тенкови и украдоа оружје од владините возила. Исто така истураа бензин на улиците и се закјанија дека ќе го запалат центарот на градот. Поради тоа жителите од овој дел беа евакуирани.

Армијата ќе ги употреби сите средства?

Во телевизиско обраќање врховниот командант на воените сили Сонгкити Јагабатара денеска најави дека армијата ќе ги употреби сите средства за да се врати редот и мирот во земјата. Тој додаде дека војниците нема да употребат оружје за да не повредат некого, но дека ќе посегнат по ова средство во случај на самоодбрана и за заштита на земјата. Тајландската армија за првпат од воведувањето на вонредната состојба употреби сила против демонстрантите.

Антивладините демонстранти бараат оставка на премиерот Абсихит Веџаџива, кој го одбива ваквото барање и најави дека против насилниците ќе бидат преземени сите неопходни мерки. Од друга страна привзраниците на Таксин се заканија дека ќе ги прошират протестите низ целата земја.

Thailand Massenproteste
Антивладините демонстранти бараат оставка од премиеротФотографија: AP

„Сите припадници на „црвените кошули“ во земјата знаат што треба да сторат сега. Нашите луѓе од соседните провинции ќе дојдат во Бангкок. Сите сме подготвени и единствени. Уверен сум дека владата повеќе не може да ја стави ситуацијата под контрола“, изјави еден од лидерите на движењето. Во меѓувреме поранешниот премиер Таксин Шинаватра најави дека во секое време може да се врати од егзил за да ја смири ситуацијата во земјата.

Ситуацијата во Тајланд се разгоре откако над 1000 демонстранти во саботата упаднаа во хотелот во талјандскиот туристички центар Патаја каде требаше да се одржи самит земјите од АСЕАН. Лидерите на овие земји беа безбедно евакуирани, а средбата беше откажана.

Автор:Бернд Муш Боровска/Невена Георгиевски

Редактор: Невена Георгиевски