1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жешка фаза на Африканскиот куп

5 февруари 2012

Познати се првите полуфиналисти на Куп на Африка. Фудбалерите од Брегот на Слоновата Коска играат против Замбија. До вечер ќе биде позната и втората полуфинална двојка.

https://p.dw.com/p/13xKc

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска ја победија Екваторијална Гвинеа со 3:0 во четвртфиналето на Купот на африкански нации (КАН) и го станаа втор учесник во полуфиналето по Замбија.

Двократен стрелец за Брегот на Слоновата Коска беше ѕвездата на тимот Дидие Дрогба кој беше успешен во 36-та и 69-та минута од натпреварот а конечниот резултат на натпреварот од слободен удар го постигна играчот на Манчестер сити, Јаја Туре. Кодомаќинот на турнирот Екваторијална Гвинеа не можеше да им се спротистави на фаворизираните „слонови“ но со пласманот во четвртфиналето направи историски резултат, со оглед дека пред КАН беше најлошо рангирана репрезентација.

Elfenbeinküste freut sich auf die WM Drogba
Дидие Дрогба , стрелец на два голаФотографија: picture-alliance/ dpa

Во првиот четвртфинален меч, пак силната Замбија го совлада Судан истотака со 3:0.

Денеска (05.02.2012) се играат преостанатите два четвртфинални натправара. Гана, која истотака се вбројува меѓу фаворитите за титулата ќе игра против Тунис а вториот кодомаќин на првенството, Габон, за пласман во полуфиналето ќе се бори против екипата на Мали.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/бета

Редактор: Ж. Ацеска