1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Животот се враќа во нормала

18 август 2006

Израелските граѓани веруваат во примирјето. Дел од армијата се враќа дома, а во Тел Авив се преиспитува начинот на кој била водена воената акција во Либан. Гервалд Хертер испрати слика од регионот.

https://p.dw.com/p/AdyQ
Сирените за узбуна во градовите стивнаа
Сирените за узбуна во градовите стивнааФотографија: AP

Добро расположени и опуштени израелските војници маршираат дома кон Израел. За многумина резервисти ангажманот во Либан е завршена. Како што соопшти израелската армија, се повлекуваат поголем дел од претходно окупираните либански територии кои им ги предоадоа на мисијата на ОН, УНИФИЛ. Тие претходно со УНИФИЛ ги договорија деталите околу примопредавањето на одговорностите, но повлекувањето на армијата не го поддржуваат сите Израелци. Весникот „Јерусалем пост„ пишува дека борците на Хезболах се се уште на југот на Либан и никој нема потврдено дека се и разоружани. Весникот цитира воени експерти кои сметаат дека тоа би траело со недели. Затоа израелскиот генералштаб соопшти дека договорот со УНИФИЛ и повлекувањето може да биде прекинато ако трупите на ОН не добијат засилување. Освен тоа Израел инсистира и либанската војска на југот да биде ефективно контролирана.

Многу Израелци од северот на земјата се скептични иако во истовреме се среќни дека ракетите на Хезболах кои најмногу го погодуваа овој дел на земјата се минато. Жителите во градот Хараја уживаат капејќи се во морето. Една жена на плажата вели дека навистина била уплашена за време на нападите:

„Преживеавме. Веруваме дека примирјето ќе се одржи“.

Но, едно мало момче не е свесно за тоа што се случува. Детето раскажува како родителите го однеле во изминатите денови во Тел Авив каде си поминал супер, иако не се бањал како и секое лето.

Ова лето беше загубено и за многу израелски војници кои со тенковите отидоа на југот. Политичката кавга во Израел околу воената операција продолжува. Министерот за одбрана Амир Перец побара истражна комисија која ќе го разгледа начинот на кој била подготвена и водена акцијата. Пратеници во парламентот постојано ги критикуваат воените заповедници за грешки во акцијата. Дени Јатом бара опширни објаснувања:

„Има многу работи кои мора да се проверат. Има информации дека нашите војници во Либан биле испратени во Либан со мала количина вода и храна. Значи гладни оделе во борба. Наредбите постојано им биле менувани. Мислам дека одговорноста е огромна и дека нашите трупи не беа испратени во оптимална состојба“

Израел се уште не ја надминал оваа војна и тоа не само кога станува збор за политичкиот аспект. Во весникот „Јерусалим пост“ има и совети како израелските војници кои беа во акцијата да го надминат поствоениот синдром.