1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Живот во бункер

Надја Малак / Е.М.Фиданоска19 март 2013

Дизајнерот Нилс Бауерфелд претвори поранешен нуклеарен бункер во Фирт во модерна зграда за живеење. За да има прозорци мораше да ги сече дебелите бетонски ѕидови на бункерот.

https://p.dw.com/p/17pjF

Зад тешките челични врати требаше да живеат над илјада луѓе, сокриени во бункерот во случај на нуклеарен напад. Денес бункерот во Фирт е зграда.

Сопственикот Нилс Бауерфелд вели: „Овде порано прво се минувало низ првата пропусна врата, а потоа низ втората се доаѓало до бункерскиот простор.“

Нилс Бауерфелд го претвори бетонскиот блок во блок за живеење. Авантура, зашто тој не е ниту архитект ниту инженер. 44-годишникот работи во браншата за мебел.

„Еднаш имам изградено куќа за едно семејство. Си помислив: Добро, ова е малку поголемо. Навистина малку наивно влегов во сето ова и се случија многу работи кога си велев дека е најдобро да се откажам од се‘.“

Бункерот требало да ги заштити соработниците на фирмата Динамит Нобел од бомбашки напади во Втората светска војна. По 1945 година бункерот станал сместувалиште за бегалци. За време на Студената војна бункерот е надграден. Тој требало да биде заштита од нуклеарен напад.

„Нашата просторија за парнo греење и за перење порано била предвидена за 52 лица. Во Студената војна објектот е направен така луѓето кои би биле овде, 1075 на број, да можат да седат внатре со недели и месеци и да чекаат условите надвор да станат повторно погодни за живот.“

Прозорци не биле предвидени. При реконструкцијата ѕидовите дебели 1 метар и 10 сантиметри морале да бидат сечени, што било многу проблематично.

„Една четвртина од прозорците тежи околу 5 тони. Кога блокот бетон паѓа, тој е во слободен пад. Кога првиот блок падна на земја, се случи земјотрес. Соседите дојдоа трчајќи, надлежните служби, беше голем проблем.“

Решение: купишта земја како амортизер на ударот.

Бетонските коцки денес се поставени пред гаражите. Пред една година сопственикот прв се пресели во зградата, во која има вкупно осум станови. Бауерфелд се пронајде себеси. Тој е веќе во потрага по нова архитектонска авантура.