1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви во железничка несреќа во Полска

4 март 2012

Петнаесет лица загинаа, а 54 се повредени во судир на два воза на југот од Полска. Најтрагичната железничка несреќа во последните две децении во Полска се случила синоќа. Спасувачката акција продолжува и денеска.

https://p.dw.com/p/14Eia
Фотографија: Reuters

„Ова е најтрагичната катастрофа во последниве години“, рече премиерот Доналд Туск, кој пристигна на местото на несреќата доцна во ноќта. „Сочувствуваме со жртвите и фамилиите на оние кои починаа“, додаде тој.

Несреќата се случила во регионот Шлезија, во близина на границата со Чешка и Германија, откако воз со шест вагони, кој патувал од Премишл кон Варшава, се судрил со воз со четири вагони кој сообраќал во спротивна насока - од Варшава кон Краков. Вториот воз патувал на погрешна шина, но се’ уште е нејасно зошто.

„Немаше недадејно кочење, туку само судар. Одеднаш ми се стемни и возот запре“, рече патникот Дариус Вишниевски. „Кога излеговме надвор, видовме што се случило – повредени, починати, не можев да верувам што се случи“, додаде тој.

Polen Zugunglück
Спасувачките акции, започнати синоќа, продолжуваат и денеска. Вклучени се и два хеликоптераФотографија: Reuters

Први на повредените им помагале локалните селни, кои ги ваделе патниците од згмечените вагони. На преживеаните им донеле ќебиња и топли напитоци.

„Видовме многу луѓе кои не можеа да излезат од возот. Се обидовме да го скршиме стаклото на прозорците, за ним да им олесниме“, изјави Адам, локален жител кој им помагал на повредените патници.

Триесет од повредените патници се во сериозна состојба. Спасувачите со опрема ги креваат вагоните за да ги ослободат шините и да ги извадат преостанатите 15 тела. Министерот за внатрешни работи изјави дека не може да се исклучи можноста да има повеќе загинати лица во згмечените вагони. Четири од единаесет вагони се целосно уништени. Според сведоците, до судирот дошло при брзина од 120 километри на час. На лице место интервенираа околу 450 пожарникари и стотина полицајци, како и два хеликоптери.

А, во двата воза имало вкупно 350 патници. Меѓу повредените има и Украинци, а француски и шпански државјани, кои патувале во возовите не се повредени.

Автор: Александар Методијев /дпа/миа

Редактор: Александра Трајковска