1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви во несреќа на Тјенанмен

БГ/миа28 октомври 2013

Пет лица ги загубија животите, а десетици се повредени во несреќата која се случи на главниот плоштад во кинескиот главен град. Според очевидци, возило кое горело влетало во поголема група пешаци.

https://p.dw.com/p/1A75p
Фотографија: Reuters

Пет лица загинаа, додека најмалку 38 се повредени денеска (28.10) кога автомобил влета во поголема група пешаци и се запали на плоштадот Тјенанмен во Пекинг. Полицијата соопшти дека возилото се занесло и слетало од улицата на плоштадот, на неговиот северен дел, ги урнало бариерите и потоа се запалило, повредувајќи многу туристи и полицајци.

Три лица во возилото загинале. Очевидци велат дека голем број противпожарни возила, брза помош и бројни полициски возила одат во правец на плоштадот, додека густ чад се гледа над тој дел од градот.

Возилото се запалило во близина на главниот влез во Забранетиот град, каде се наоѓа џиновски портрет на Мао Це Тунг. Еден турист изјави дека пред избувнување на пожарот слушнал експлозија. Полицијата веднаш го евакуирала плоштадот, популарна туристичка атракција, позната по крвавото задушување на продемократските демонстрации во 1989 година. Тјенамен секогаш се наоѓа под засилено обезбедување поради близината на комплексот Џонгнанхај, каде е сместено централното раководство и Парламентот.