1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви во поплавите во Конго

27 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bx5t

Најмалку 30 лица загинале во поплавите во Киншаса, главниот град на Конго, поради лизгање на земјиштето и уривање на мостови. Повредени се најмалку сто лица, а се очекува бројот на жртвите да порасне бидејќи има делови на градот до кои не можат да стигнат спасувачките екипи. Во поплави во Африка од јуни до сега настрадале најмалку двесте лица, а стотици илјади беа приморани да ги напуштат домовите.