1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви при судири во Либија

АТ/ афп/ртр/миа25 ноември 2013

Во либискиот град Бенгази се убиени најмалку пет лица, а повеќе од 20 се повредени во борбите меѓу армијата и салафистичките бунтовници. Според очевидци се слушале престрелки и екслозии.

https://p.dw.com/p/1AOMj
Фотографија: Reuters

Судирите во Бенгази започнаа денеска (25.11) во раните утрински часови, при што се слушале истрели и експлозии, а од неколку локации од градот почнале да се издигаат столбови црн чад.

Либискиот министер за внатрешни работи Садик Абдулрахман ги повика жителите на Бенгази да останат смирени и да соработуваат со владините сили, нагласувајќи дека властите преземаат мерки за воспоставување на редот и мирот во градот.

Армијата ги повика граѓаните на Бенгази да останат во своите домови, а сите војници што се на отсуство добија наредби да се вратат во своите касарни.

Судирите избуванале кога владините сили презеле операција против салафистичката група Поддржувачи на исламскиот закон (Ансар ал Шарија), која држи делови од градот, каде има поставено свои контролни пунктови. Според податоци на еден портпарол на војската насилството ескалирало, кога специјалните сили биле нападнати при патрола во близина на главното седиште во Ансар ал Шариа. Групацијата исто така се смета за одговорна за нападот врз американскиот конзулат во Бенгази пред една година. Во тој напад загинаа американскиот амабсадор и тројца други Американци.

Ситуацијата во Либија и две години по падот на властодржецот Муамар Гадафи сѐ уште не е смирена. Постојано доаѓа до претрелки меѓу армијата и муслимански екстремисти.