1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заборавени рекорди

22 август 2009

Во Берлин деновиве СП во атлетика е проследено со богата придружна културна програма. Дел од неа е изложбата, која говори за извонредните но дискриминирани атлетичари- Евреи за време на Третиот Рајх.

https://p.dw.com/p/JFj2
Гретел БергманФотографија: DW

Гретел Бергман, Марта Јакоб, Лили Хенох - имиња кои повеќе не му се познати речиси никому во Германија, и покрај тоа што во свое време тие биле ѕвезди на атлетиката во земјата. Меѓутоа тие беа дискриминирани, исфрлени од германското општество и им беше уништен сонот да настапат на Олимписките игри - само затоа што беа Евреи. Една атлетичарка мораше поради тоа да плати дури и со својот живот.

Дискриминацијата започна во спортските здруженија

Berliner Ausstellung "Vergessene Rekorde" über jüdische Leichathletinnen
Лили Хенох ( во средина)Фотографија: DW

Изложбата „Заборавени рекорди“ сака да укаже токму на судбините на овие тројца атлетичари, но истотака да ја документира и општата ситуација во која се најдоа Евреите во текот на 20-те и 30-те години од минатиот век.

„ Тие во рамките на Вајмарската Република беа сосем нормален составен дел од општеството. Немаше разлики меѓу Евреите и другите. Тие беа многу добро интегрирани и токму затоа е уште поизненадувачки и пошакантно она што потоа се случило“, вели Јута Браун, професорка на универзитетот во Потсдам и коиницијаторка на изложбата.

Дискриминацијата започна со тоа што тие беа исфрлени од спортските здруженија. На Евреите им беше забранет влез на градските базени, имаа полоши услови за тренирање и речиси и да немаа пристап кон натправарувањата“, истакнува Браун.

Но и покрај дискриминацијата голем број еврејски спортисти беа успешни. Без оглед на тоа нацистите не номинираа ниту еден Евреин за учество на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Откако неколку земји се заканија со бојкот на Олимпијадата, тие сепак одлучија во германскиот тим да ја земата Гретел Бергман.

Бавно „варење“ на историјата

Berliner Ausstellung "Vergessene Rekorde" über jüdische Leichathletinnen
Плакатот за изложбата во БерлинФотографија: DW

Сепак неколку дена пред почетокот на натпреварувањата Бергман беше заменета со спортистка која беше полу-Еврејка.

„ Гретел Бергман беше одлична скокачка во височина. Она што е занимливо во нејзината судбина е тоа што таа имаше големи изгледи да освои медал на Олимпијадата. Истата година таа постави германски рекорд. Со тоа остварување од еден метар и шеесет сантиметри таа во Берлин можеше да го освои сребрението медал“.

И на другите две атлетичарки Еврејки, Марта Јакоб и Лили Хенох не им беше дозволено да настапат на Олимписките игри, иако беа германски шампионки па дури и светски рекордерки во нивните дисциплини.

„ Изложбата изгледа импресивно. Тоа што Евреите биле исклучени од Олимписките игри и што дури им било забрането да пливаат во базените, сето тоа покажува каков бил животот на Евреите во тоа време“ , вели еден посетител на изложбата од Италија.

Долго траеше пред во Германија посериозно да се започне да се разработува историјата на еврејските спортисти. Дури пред само неколку години спортските здруженија, во кои некогаш членуваа овие атлетичарки, одлучија да им оддадат почит на своите некогашни ѕвезди.

Автор: Сара Фаупел/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска