1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забрана за касетни бомби

29 мај 2008

Претставници на повеќе од 100 земји на конференција во Даблин донесоа одлука за забрана за користење касетни бомби. Но, најважните производители и корисници на ова оружје не беа на средбата

https://p.dw.com/p/E8Iy
Употреба на касетни бомби во ИзраелФотографија: picture-alliance/ dpa

109 држави во Даблин се согласија за целосна забрана на касетната муниција. Пробивот беше можен откако британскиот премиер Гордон Браун го скрши отпорот кај сспствената армија и издејствува уништување на постоечките залихи. Велика Британија заедно со Германија и Франција играат клучна улога меѓу државите кои се за целосна забрана, најголем дел земји во развој; и државите кои ги произведуваат и користат бомбите: САД, Израел, Кина, Русија, Индија и Пакистан Невладините организации кои беа присутни во Даблин се задоволни од резултатот. Сајмон Конвеј од организацијата „Ландмине акцион“:

„Овој договор е сеопфатен. Тој забранува примена, ширење, производство и складирање касетна муниција. Тоа значи дека САД мораат да го повлечат своето касетно оружје од британска територија во рок за кој сеуште се преговара, веројатно осум години. Во секој случај, Велика Британија како потписник мора да ги уништи залихитите од касетна муниција во период од осум години.


Употреба на „мала врата“


Оваа обврска за уништување на постоечките залихи важи и за Бундесверот. Германската делегација во Даблин мораше да направи чекор нанапред. Таа се залагаше за исклучоци кои беа поголеми од оние предвидени во предлог текстот на договорот. Но, некои видови оружје, слични на сегашните касетни бомби и натаму се дозволени.

Посматрачите како организацијата „Хендикеп интернационал “ критички гледаат пред се‘ на правилата за заеднички воени операции со државите кои не се потписнички на договорот. Тие и натаму можат да ги употребуваат касетните бомби. Тоа значи, Бундесверот и британската армија можат на пример во Авганистан да оперираат заеднички со американските војници, кои и натаму ќе користат касетна муниција. Сајмон Брукс од Лондонскиот институт за стратешки студии тоа го оценува:

„Да се рече, ги забрануваме касетните бомби, но во екстремен слуќај повикуваме некого кој го употребува ова оружје за нас, навистина е неискрено.“

Надежта на противниците на касетните бомби е дека догворот од Даблин ќе изврши притисок врз оние земји кои не го потпишаа и дека и тие во практика ќе се воздржуваат од ова оружје.

►◄