1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши првиот судски процес околу измачувањата во Ирак

19 мај 2004

Дваипол часа по почетокот на судскиот процес, судот донесе одлука. 24 годишниот Џереми Сивитс од Пенсилванија е виновен по сите точки од обвинението.

https://p.dw.com/p/AcNY
Сцена од судскиот процес
Сцена од судскиот процесФотографија: AP

Сивитс самиот претходно призна дека е виновен. Тој сепак е маргинална фигура во скандалот со измачувањата и сега може да смета со поблага казна од максимално една година затвор и отпуштање од армијата, зашто тој е еден вид крунски сведок.

Тоа самиот го стави до знаење во сослушувањата пред почетокот на судскиот процес. Тоа штопред воениот суд самиот се прогласи за виновен не е изненадување, зашто како еден вид крунски сведок товари шестмина други воени полицајци кои ќе одговараат во посебни судски процеси.

Сивитс е обвинет дека при измачувањата во познатиот блок А во затворот Абу Граиб бил присутен , но не сторил ништо за заштита на затворениците. Освен тоа, правел и фотографии од нападите. Меѓу нив, и во светот познатата слика каде затворениците се покажани голи и легнати во еден вид пирамида. Но, за разлика од неговите другари од стражарските единици, обвинетиот очигледно самиот не учествувал во мачењата.

За овој процес на САД им беше потребна јавност. Тие од арапските медиуми побараа да го следат процесот, и за нив изјавите беа симултано преведувани на арапски. Треба да стане јасно дека Америка е решена да ги проследи судски инцидентите во затворот Абу Граиб. Портпаролот на американската армија, Кимит, вели:

”Се надеваме дека медиумите ќе ја искористат можноста не само за да видат како работи американската правда, туку и на луѓето да им го пренесат тоа.”

Процесот се одржа во една сала на Центарот за конференции, во строго обезбедуваната Зелена зона на Багдад. Телевизиски и радио снимки не беа дозволени. Арапската јавност на вкупно седумте судски процеси гледа со скепса. Изутринава на сослушување беа и обвинетите воени полицајци – Дејвис, Фредерик и Гранер. Обвинетите не се изјаснија по обвинувањата. Новиот термин за сослушување е 21 јуни.