1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загинати во неколку напади во Триполи

СН/АМ/ртр/афп19 август 2012

Во главниот град на Либија, Триполи во напади со автомобил бомби, според официјални полициски наводи, загинале најмалку две лица.

https://p.dw.com/p/15sW6
Фотографија: AFP/GettyImages

Едната автомобил бомба експлодирала во близина на воената академија во градот, а другата во близина на зградата на министерството за внатрешни работи во центарот на Триполи.

Непознати лица го активирале експлозивот во автомобилите со далечински управувачи, соопшти шефот на безбедноста на главниот град на Либија, Махмуд ал Чериф. Во нападите во Триполи кои се први по соборувањето од власт на долгогодишниот претседател Моамер ел Гадафи, според последните информации, загинале најмалку две лица, а уште две се повредени.

Полицијата по експлозиите блокираше една главна улица во центарот на градот и на повеќе крстосници постави конторлни пунктови во обид да ги фати напаѓачите, но и да спречи натамошни напади.