1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загинати и повредени во напад во Бејрут

АТ/ дпа/ ртр2 јануари 2014

На југот на либанскиот главен град Бејрут експлодираше бомба. Најмалку пет лица загинаа, се вели во првичното соопштение на полицијата. Во нападот има и повеќемина повредени.

https://p.dw.com/p/1AkXU
Фотографија: Reuters

Најмалку пет лица загинаа, а уште 40 лица претрпеа повреди во бомбашки напад во Бејрут. Повеќе детали засега не се познати.

Нападот се случи на околу 200 метри од главното седиште на шиитското движење Хезболах во населбата Харат Хреик на југот на градот. Милициите на Хезбохлах во граѓанската војна во Сирија се борат на страната на трупите на претседателот Башар ал-Асад. Сунитите во Либан меѓутоа стојат на страната на сириските бунтовници.

Телевизиските слики покажуваат црни облаци чад, уништени автомобили и луѓе кои во паника бегаат и се обидуваат да се засолнат. Во населбата се наоѓаат и голем број други командни централи на Хезболах, како и централата на телевизијата Ал Манар.

Изминатиот петок во центарот на Бејрут од автомобил бомба беше убиен сунтискиот политичар и критичар на Хезболах Мохамед Шатах. Полтичарите од сунитскиот табор за нападот го обвинија движењето Хезболах. Шиитските милиции меѓутоа го отфрлија тоа. За тој напад никој не ја презеде одговорнсота. Дали денешната експлозија на бомба е поврзана со нападот врз Шатах, засега не е познато.