1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загина мексиканскиот министер за внатрешни работи

12 ноември 2011

Мексиканскиот министер за внатрешни работи Франсиско Блаке Мора загина во хеликоптерска несреќа. Тој беше клучна фигура во владата и во него се полагаа многу надежи.

https://p.dw.com/p/139aZ
Мора (лево) беше втор човек по моќ по претседателот Фелипе КалдеронФотографија: dapd

Портпаролката на претседателскиот кабинет, Алехандра Сота, изјави дека сите осум лица во хеликоптерот загинале, меѓу кои има и други владини службеници.

Четириесет и петгодишниот Блаке Мора ја почна политичката кариера кон средината на 90-те години во родниот град Тихуана. Во јули 2010 година претседателот Фелипе Калдерон го назначи за министер за внатрешни работи.

Тој беше член на федералниот парламент и клучна фигура во владата и во него се полагаа многу надежи. Темата безбедност за претседателот Фелипе Калдерон има приоритетно значење, откако владата му објави војна на организираниот криминал.

Франсиско Блаке Мора е вториот министер за внатрешни работи кој гине во авионска несреќа за време на мандатот на Калдерон. Во ноември 2008 година, Хуан Камило Морињо и уште неколку лица загинаа откако нивниот мал авион се урна на булевар во престолнината Мексико сити. Тогаш истрагата утврди дека авионот веројатно поминал низ турбулентна трага на голем авион и пилотот ја изгубил контролата над леталото.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска