1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загина Тоше Проески

16 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BrQv

Најпопуларниот македонски музичар и поп ѕвезда на Балканот Тоше Проески загина утрината во сообраќајна несреќа во Хрватска. Несреќата се случила во близина на Нова Градишка, кога возилот од марката Волксваген Туеарек во кое се наоѓал Проески удрил во приколка на камион. По извршениот увид на местото на несреќата портпаролката на бродско-посавската полициска управа во Хрватска , Ката Нуиќ соопшти дека Проески загинал на самото место на несреќата а причината за неа било непочитувањето на сообраќајните прописи односно непридржувањето на потребното растојание меѓу возилата.

Во инцидентот, како што соопшти Нуиќ, тешко е повреден возачот на џипот Ѓорѓе Ѓорѓески, а полесно менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ.