1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Загорчување“ на животот на пушачите на работа

Килиан Шитце/ Жана Ацеска9 октомври 2013

Пушењето во јавни објекти во Германија е забрането со години, иако отпорот беше голем. Во Данска се оди уште подалеку: во одредени фирми пушачите се пред избор: ако пушат - да платат!

https://p.dw.com/p/19mMn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Цигара одвреме-навреме-со години пушачите од ТДЦ се среќаваат овде, во малиот скромен пушачки агол. Но, нивниот работодавач, данскиот Телеком, и‘ објави војна на пушачката дружина: од октомври секоја цигара во работно време значи 15 минути продолжена работа или одбивање од платата.

„Пушењето надвор од законски пропишаните паузи нашите вработени мора да го носат на сопствен грб. Тоа е фер. Ние сакаме да не се пуши овде“, објаснува Миријам Хвидт, заменик претседател на раководното тело на Телеком.

Ваквите строги правила овде не го прават среќен никого, сеедно дали е пушач или непушач. Менаџменот ја донесол одлуката на своја рака. Многумина стравуваат дека фирмата може да оди и понатаму.

„Кој знае, можеби наскоро ќе треба да плаќаме за времето во кое ние не работиме активно“, револтиран е Пер Ноерсков, вработен во Телекомот.

Пушачите од ТДЦ имаат мала утеха. Во други фирми во Данска пушењето цигара во работно време во меѓувреме е комплетно табу, дури и на паузите.