1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загриженост заради кризата во Ербас

5 октомври 2006

Авио концерните изразија загриженост по повторните најави на ЕАДС, германско францускиот концерн, дека испораката на авионот од типот Ербас А 380 ќе доцни најмалку за една година. Ова ќе предизвика огромни штети за компанијата.

https://p.dw.com/p/AeKj
Фабриката на Ербас во Хамбург
Фабриката на Ербас во ХамбургФотографија: AP

Испораката на авионите е одложена за дополнителна една година, поради што концернот ќе мора да плати високи отштети од неколку милијадри евра. Од раководството на ЕАДС зборуваат за 4,8 милијарди евра загуба до 2010 година. Авионите кои според најавите сега ќе бидат готови следниот октомври, требаше да бидат испорачани уште годинава. Европскиот авиопроизводител сака да се реструктурира и да заштеди. Томас Ендерс заменик директор во ЕАДС:

"Знаете дека во секоја криза постојат и можности. Одлучени сме да ги прифатиме тие можности. Имаме повеќе идеи како да се подобрат индустриските процеси, што се однесува до развојот и производството па се до крајната монтажа. Ова детално ќе го разгледаме наредните месеци„

Најголемиот товар ќе го носат вработените во погонот во Хамбург. Германскиот партнер предупредува дека Франција сака да ги одвлече сите работни места во својата земја. И покрај спорот на Ербас му е јасно дека нешто мора да се стори за да се надокнади загубата пред најголемиот и практично единствен конкурент американскиот Боинг. Директорот на Ербас Кристијан Штрајф

„ Боинг е пред нас, денес веќе немаме ниту една позиција во целокупната палета, бидејќи ние сме малку или прилично зад Боинг„

Причина за проблемите во производството на големиот Ербас се компликуваните кабелски поврзувања. И покрај проблемите и загубите во Ербас не се откажуваат. Заменик шефот на мултинационалната комапнија Томас Ендерс изјави:

„ Авиокомпаниите се уште имаат голем интерес за овој модел на авион и ние остануваме во негово производство и сакаме до крај успешно да го развиеме“, категоричен беше Ендерс од концернот Ербас.

Околу актуелниот проблем меѓу француско германските партнери денеска во Берлин треба да разговараат сојузниот министер за економија Михаел Глос и раководството на Ербас. Водечките германски политичари и економски експерти ја повикаа управата на ЕАДС да се откаже од префрлување на производството во странство. На концернот мора да му биде јасно колку профитира од Германија, изјави експертот на СПД за економија Рајнер Венд.