1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загриженост кај Египќаните во Берлин

Наоми Конрад/ Симе Недевски9 јули 2013

Насилството во Каиро ескалира. Загрижени се не само политичарите во Берлин, туку и луѓето кои излегуваат на улица за да го изразат својот протест. Тие го поддржуваат египетскиот претседател кој е соборен од власт.

https://p.dw.com/p/194PJ
Фотографија: Mahmoud Khaled/AFP/Getty Images

„Можеби е и мојот брат погоден, не знам...“ -египетскиот студент Рашад накусо запира пред да може да продолжи да зборува понатаму. Во неделата доцна навечер разговарал со брат му во Каиро. Тој му раскажал дека сака да оди во центарот на градот за да демонстрира „за нашиот председател Мурси“- така Рашид го нарекува доскоранешниот египетски претседател. Мохамед Мурси беше соборен од власт минатата среда со воен удар, како одговор на масовните демонстрации. Демонстрантите го обвинуваа за економски измами, но и за исламизација на земјата.

Контрадикторни информации од Египет

За Рашид тоа е удар врз демократски избраниот претседател. „Војската ни ја одзема демократијата“, вели тој. И поради тоа не се обидел да го запре својот брат. „Му реков: оди ако мислиш дека така нешто ќе промениш.“ Но, Рашид од тогаш за него не слушнал ништо и поради тоа е загрижен. Во понеделникот предпладне дојде до конфликт меѓу војската и симпатизерите на Мурси во кои, според извештаите, страдале десетици лица, а стотици се повредени.   Постојат различни извештаи за тоа зошто дошло до конфликтот. Едни велат дека симпатизерите на Мурси се обиделе да влезат во офицерскиот клуб на Национална гарда каде, каде се сомневале декавојската го чува поранешниот претседател. Муслиманското братство пак соопшти дека нивните припадници се нападнати во текот на утринската молитва.

Египет- опасна туристичка дестинација?

Германскиот министер за надворшни работи Гидо Вестервеле изрази загриженост поради немирите во Египет. Тој во неделата вечер ги повика преку Твитер сите одговорни во оваа затегната ситуација да не се прменуваат насилство. „Сега итно мора да се зачекори во насока на вреќање на демократските процеси“, напиша тој. Пет часа подоцна, Министерството за надворешни работи на Германија на официјалната страница на Твитер соопшти дека сите патувања во Египет се непожелни, освен оние во туристичките области на Црвеното Море. И високата претставничка на ЕУ за надворшна политика и безбедност Кетрин Ештон се заложи во Египет „што е можно поскоро да се одржат избори.“
Меѓутоа, претседателот на Одборот за надворешни работи на германскиот Бундестаг Рупрехт Поленц се сомнева дека тие дипломатски апели имаат смирувачко дејство на двете страни. „Можности да се влијае од надвор, од Германија и од Европа, стојат на располагање, но се релативно ограничени“, вели Поленц.
За тоа време, Рашад од германската влада бара јасен став за прашањето на насилството. „Германија мора да не' поддржи“, вели тој и најавува дека и вечерва со својата сопруга и синот ќе отиде на демонстрации со симпатизерите на Мурси. Тие планираат и понатаму да протестираат во Берлин, ако е потребно и со недели или месеци: „Се' додека војската не замине“, вели Рашад.

Ägypten anti-Mursi Demos 07.07.2013
Фотографија: Reuters