1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загрозениот Херат

C.Henzle19 мај 2007

Талибанците полека влeгуваат во некогаш мирната западна провинција Херат. Официјални личности и посматрачи предупредуваат дека цивилните жртви, како при неодамнешните американски бомбардирања, би можеле да го турнат населението во рацете на есктремистите што би предизвикало натамошно влошување на ситуацијата.

https://p.dw.com/p/AnyQ
Луѓето од Херат страхуваат од пренесување на немирити и во оваа провинција
Луѓето од Херат страхуваат од пренесување на немирити и во оваа провинцијаФотографија: AP

Западниот дел на Авганистан долго важеше за мирен и стабилен регион. Меѓутоа, последните жестоки борби на југот од провинцијата Херат ги возбудија луѓето, но и многу посматрачи. Американските сили, според сопствени информации, кон крајот на минатиот месец во регионот Шинданд убија повеќе од 130 Талибанци. Авганистанските власти и комисијата за човекови права меѓутоа, зборуваат и за 57 загинати цивили. Американската операција предизвика протести и бес во регионот. Гувернерот на Херат Сајед Анвари предупредува:

„Ако американските трупи повторат вакви операции, тогаш секако ќе ги турнат луѓето во рацете на Талибанците и противниците на владата. Ако повторно се случи нешто такво, тогаш владата ќе ги загуби авторитетот и довербата кај населението„.

Погодениот Шиндад регион без сомневање е подрачје на влијание на Талибанците. Но, дури големата акција на претреси на американските специјални единици натера многумина жители да се фатат за оружје. Радикалните духовници и Талибанците од немирните провинции на југот од земјата, овде очигледно ги привлекоа локалните борци.

За многумина во Херат порастот на борбите и нападите е шок. На популарниот и богат центар на западен Авганистан одамна му оди подобро отколку на целата земја. Овде има 24 часа има струја што доаѓа од соседните Иран и Туркменистан. Економијата е добра, дури има и малку индустрија, патиштата се најдобри:

„Тоа што токму сега дојде до вакви борби ги плаши луѓето. Мислат дека веќе ги зафати опасноста од југот„, вели Зобахир Аки, шеф на проектот Зелени шлемови. Во Дармштат дипломираниот инженер во Херат го гради веќе 20-сеттото училиште на германските хуманитарни организации. Населението од селата на ваквите проекти реагира со оптимизам и надеж, вели Аки и дополнува:

„Треба да се направи напор во оваа провинција да се сочува мирот. Не смее да се направи грешка пожарот од другите делови на земјата, да се пренесе и овде„.