1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Задоволство од најавите од Рига

Алексанадар Чомовски29 ноември 2006

Македонија е задоволна од отворениот пат кон НАТО по самитот во Рига

https://p.dw.com/p/Adai
Фотографија: DW

Претседателот Црвенковски за утре во Скопје најави заседание на својот Совет за безбедност со анализа на одбранбениот стратегиски план и приоритетните реформи во армијата,но и политичките трансформации.

Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски денеска ги собра странските амбасадори на лов и како знак на задоволство но и респект за лобирањето за Јадранската тројка:

-Главната порака е,уште еднаш ќе потенцирам,е очекувањето од НАТО и мислам дека секој граѓанин од Македонија треба да го радува една ваква охрабрувачка работа која сепак значи и дека ние нешто сме сработиле,вели првиот човек на одбраната,Лазар Еленовски.

-Многу позитивни сигнали од Рига за трите земји,вратите на Алијансата остануваат отворени,рече амбасадорот на Велика Британија во Скопје Роберт Диксон.

Македонската влада минатата недела на затворена седница ги симнала седумте национални забрани со кои се ограничуваше дејството на македонските мировници во Ирак и пред се во Авганистан.

Тие отсега ќе бидат под директна јурисдикција на НАТО на овие кризни подрачја.Овој потег Еленовски го означи во приклучувањето кон американскиот и НАТО стандардот,особено на интензивните барања пред Рига самитот за поголема солидарност во ангажирањето на армиите при военото дејствување на НАТО контингентите:

-И затоа,за да биде НАТО поефикасен,да се потврди принципот на солидарноста,кој ебазичен за Алијансата,ние треба да бидеме свесни и мислам дека тоа е една од работите кои кај нас многу ја ценат сите партнери во НАТО.

Кон позитивните реакции на владата се приклучува и екс министерот за одбрана Јован Манасиевски,сега во опозиција.Тој особено позитивно го оценува симнувањето на националните забрани и зголемувањето на учеството на АРМ во мировните мисии во Ирак и Авганистан и БиХ.Сепак Манасиевски со предупредувачки оценки:

-Независно,сигурно ќе постојат посебни елементи за Албанија,за Хрватска ,за Макеоднија.Меѓутоа,ако во делот за Македонија се споменуваат одделно одредени прашања,како на пример формулација за поголема регионална соработка,која всушност во себе го имплицира прашањето за името,тоа значи дека некој од членските на НАТО во 2008 година може да се повика на елементите на тој параграф,оцени Јован Манасиевски во синоќешна ТВ дебата.

Дел од стручната јавност заклучоците на НАТО за идното проширување ги коментира со пореалистичка дистанца.

-Политичкиот реализам кој што преовладува барем во овоуј момент на коментарите за тоа колку очекувавме и што добивме од завршниот документ на НАТО исто така треба да се преточи во реализам од страна на јавното мислење или на очекувањето на македонската јавност.Значи,резултатот треба да биде зголемено чувство на сигурност по се она што ние ќе го завршиме како обврска во однос на критериумите за членство во НАТО,оценува професорот по мировни студии Лидија Георгиева.