1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зад „шведските решетки“

26 март 2009

Поранешниот затвор во центарот на Стокхолм дeнес нуди удобности за какви поранешните затвореници можеа само да сонуваат. Во „затвор“ одат оние кои сакаат да преноќат на мирно и пријатно место. Затворот е хотел.

https://p.dw.com/p/HKC9
СтокхолмФотографија: Illuscope

Одѕвонувањето на камбаните порано требаше да ги натера затворениците да размислат за делата што ги сториле. Но, овие времиња веќе одамна се минато. Во 1975 година беа ослободени последните осуденици затворот на островот Лангхолмен, западниот дел на Стокхолм. Денес луѓето самите доаѓаат во „затворот“ - како гости кои бараат мирно и ефтино престојувалиште. Преноќување во стандардна ќелија чини 260 круни, околу 25 евра. Затвореничката атмосфера е гратис, и по желба.

„Зградата е споменик на културата. Не смеевме многу да менуваме. Ова важи за трактот со ќелии каде преноќувалиштата се поскромно уредени. Останатите соби од хотелот нудат повеќе удобности, како телефон, телевизија и безжичен интернет. Преку големите прозорци се има убав поглед, а ѕидовите се толку дебели што со гаранција нема да го слушнете соседот што хрчи.“ вели Ола Ниман, раководител на хотелот.

Symbolbild Gefängnis
Решетките се тргнаа, луѓето сами одат „в затвор“Фотографија: Picture-Alliance /dpa

Во Лангхолмен денес може да се сретнат дури и бизнисмени, но, повеќето се млади луѓе, студенти, авантуристи како 24-годишниот Мет Падинсон од Австралија, кој престојува во двокреветна ќелија: „Се чувствуваме убаво. Можеби малку е тесно. На располагање ни стојат кревет на кат, туш-кабина дури и тоалет. Багажот сепак моравме делумно да го распостелиме на земја.“

За луксуз варијантата, двокреветна соба со купатило треба да се платат 80 евра.

Затвореничкото секојневие не нудеше конфор

Конфор за кој поранешните затвореници можеле само да сонуваат: „Овде биле затворени повеќе од 700 луѓе: ситни криминалци и скитници, но и тепачи, убијци и политички затвореници.“

Станување во 5 часот и 30 минути, утринска молитва, часови по религија и работа на каменолом - вака изгледало секојдневието на затворениците. Денес мноштво пожолтени фотографии, лисици, синџири и затвореничка облека говорат за бедата во затвореничкото секојдневие.

Преку „Мостот на воздишките“

Редовен гостин во затворот беше Пер Вилхелм Лундгрен наречен „Снуфе“: „Овој љубезен чичко со очила и брада постави тажен рекорд. Лежеше затвор поради кражба, се обиде да избега при што му зададе смртен удар на еден од чуварите. Овде мина 50 години. Кога 1900 година конечно беше отпуштен, веднаш се врати на „Мостот на воздишките“. Затоа што надвор немаше иднина за него.“

Schweden Stockholm Södermalm
Стокхолм, СедермалмФотографија: Picture-Alliance /dpa

Кулминација на страшните приказни од затворот е обезглавувањето на убиецот крадец, Јохан Алфред Андерсон во 1910 година, единствената егзеклуција во Лангхолмен и последната во Шведска воопшто. Потоа беше укината смртната казна.

Раководитеот на хотелот, Ола Ниман на денешните гости покрај приказните за затворот им нуди и прошетки по идиличниот карпест остров со тивките заливи. За младите посебно е интересен преминот преку „Мостот на воздишките“ во монденскиот дел од Стокхолм, Седермалм, каде може да се забавуваат.

Автор: Александер Буде / Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски