1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заедничка набљудувачка мисија во Сирија?

9 февруари 2012

По речиси 11 месеци насилство со илјадници мртви, ОН преиспитуваат можност за испраќање набљудувачка мисија во Сирија.

https://p.dw.com/p/13zy6
Генералниот секретар на ОН објави дека се разгледува идејата за заедничка мисија со Арапската лига во СиријаФотографија: Reuters

Се размислува за заедничка набљудувачка мисија со Арапската лига, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Тој нагласи дека длабоко жали што Советот за безбедост не е во состојба да зборува во еден глас за да се запре насилството во Сирија.

Бан Ки Мун рече дека пропаѓањето на резолуцијата во Советот за безбедност е „кататсрофално“ за луѓето во Сирија и тоа го охрабрило сириското раквоодство „да ја заостри борбата против сопствениот народ“.

Русија и Кина пред неколку дена со своето вето ја запреа резолуцијата на Советот за безбедност со која, меѓу другото, се бараше оставка на претседателот Башар ал-Асад.

Според наводи на дипломати на ЕУ, во моментов се засилуваат претставиштвата на Унијата во Јордан и Либан, за доколку е потребно, да можат да се грижат за „неколкуте илјади“ Европејци кои живеат во Сирија.

Автор: Елизабета Милошевска Фиданоска/дв/афп

Редактор: Б. Георгиевски