1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заедничка седница на македонската и српската влада

ЕМФ/миа3 јуни 2013

Пред заедничката седница на владите, премиерите Груевски и Дачиќ ќе имаат тет-а-тет средба. Груевски ќе разговара и со српскиот претседател Николиќ, како и со претставници на македонското малцинство во Србија.

https://p.dw.com/p/18ihs
Фотографија: MIA

На пленарната седница, закажана за денеска напладне (03.06), главни теми ќе бидат европските интеграции на двете земји, регионалната соработка, како и унапредување на економската соработка, пред се‘ зголемување на трговската размена, соработка на полето на инвестициите, можност за заеднички настапи на трети пазари, особено во делот на градежништвото, како и во делот на фармацијата, туристичка презентација на можностите на двете земји. Ќе стане збор и за инфраструктурни проекти, главно за завршување на делниците од автопатот К-10 најдоцна до 2016 година, но и за соработка во борбата против трговија со дрога, гранична соработка, соработка во областа на здравството, социјалата и земјоделството.

Во зависност од точките на расправа, на седницата ќе присуствуваат министрите од соодветните ресори, а не комплетните владини состави. Пред седницата, предвидени се повеќе билатерални средби на министрите. Како што е најавено, премиерот и министер за внатрешни работи на Србија Дачиќ и министерката Јанкулоска ќе потпишат протокол помеѓу двете министерства за соработка во текот на претстојната туристичка сезона, а министерот Тодоров со својот колега Славица Џукиќ Дејановиќ ќе потпишат меморандум за соработка во областа на здравството и медицинските науки.

Седницата на македонската и српската влада е резултат на договорот меѓу двајцата премиери Груевски и Дачиќ од средбата во јануари во Скопје (на фотографијата), кога порачаа дека би била дополнителен импулс во развојот на односите меѓу Македонија и Србија. Вакви иницијативи за заеднички владини седници Македонија има испратено и до властите во Бугарија, Албанија и Косово, на што, како што истакнуваат од Владата, има позитивни реакции, но се‘ уште нема договорен термин.