1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закажано продолжение на конститутивната седница во српскиот парламент

7 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6s

Претседавачот на српското собрание Борка Вучич за денеска закажа продолжение на конститутивната седница, која почна на 14 февруари. Седицата која беше прекината откако беа верификувани мандатите на новите 250 пратеници, денеска продолжува со избор на претседател. Изборот на новата српска влада, за што преговорите споро се одвиваат е последната точка на дневниот ред.