1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закажан референдумот на Кипар

9 март 2004

Референдумот за обединување на Кипар ќе се одржи на 20 април, соопштија ОН. Тогаш граѓаните на поделениот остров треба да се изјаснат за повторното обединување, пред влез во ЕУ.

https://p.dw.com/p/AcPI

Референдумот треба да се одржи одвоено, на двата дела од островот. Лидерите на кипарските Турци и Грци, Рауф Денкташ и Тасос Пападопулос се известени за датумот на изјаснувањето на граѓаните, кој првично требаше да биде 21 април, но со оглед на тоа што тоа е денот кога турските сили го окупираа северниот дел од Кипар, како одговор на обидот на грчката заедница со поддршка на хунтата во Атина да го припои островот кон Грција, референдумот е поместен еден ден понапред.

Со планот на ОН за обединување на островот се предвидува лидерите на двете заедници да имаат рок до 22 март за постигнување договор за обединување. Во случај на неуспех на преговорите, во дијалогот ќе се вклучат претставници на Атина и Анкара. Доколку иницијативата не вроди со плод, меѓународно признатит дел на островот, оној на кипарските Грци ќе се приклучи кон ЕУ, додека северниот, турски дел, кој е признат единствено од страна на Турција, нема да влезе во состав на унијата.