1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Законот за полиција влегува во собраниска процедура

Александар Чомовски25 септември 2006

Клучниот закон за полиција, еден од последните од Рамковниот договор, од денеска влегува во македонското собрание како двоен текст - дали ќе се обезбеди политички консензус и со гласовите на ДУИ и дали привршува вонинституционалниот конфликт меѓу најбројната опозициона партија на Албанците и премиерот Никола Груевски

https://p.dw.com/p/Adc2
Македонското собрание
Македонското собраниеФотографија: aptn

Законот за полиција влегува во собраниска процедура. Решенијата се од старата влада но ги забрзува новиот кабинет на Никола Груевски. Тој е еден од последните клучни проекти од Охрдискиот договор. Експертите на евромисијата Проксима беа во двојна улога до пред две години. Да ги обучуваат мултиетничките патроли за заедничко дејство на полицјата и да ги создадат рамките за новата професионална органзаиција на МВР. Во дел од овиие обврски Проксима успеа.

Иако е последен законот за полиција е прв тест за новата влада, како ќе обезбеди мнозинство кај пратениците Албанци, ако опозициската ДУИ не гласа за него. Во старт е нејасно дали е потребно Бадентеровото мнозинство и врз што се темели оптимизмот на премиерот Груевски дека законот за полиција ќе биде донесен со неопходното политичко усогласување на власта и опозицијата. Тој претходно на лидерските средби доби согласност од од СДСМ и ЛДП дека ќе гласаат за законот за полиција чии главни решенија ги направи токму коалицијата Бучковски – Пенов – Ахмети. ДУИ и тоагаш и сега инстититра на зголемена контрола врз полицијата особено во мултиетничките средини и примена на албанскиот јазик во наредбите на МВР како и сензитивност во полицикстаа акција кон Албанците кон кои четоспати беше употребувана и прекумерна сила. „Техничката основа на законот е добра, меѓутоа законот не содржи никаква политичка памка, никаква политичка основа која што би била во согласност со фактички мултиетничкиот карактер на Република Македонија“ реагираше гласноговорникот на ДУИ Ермира Мехмети.

Пратениците на ДУИ ќе се вратат на пленараната собраниска седница токму во петок кога е и дебата за законот за полиција. Тоа ќе биде еден од сигналите дека привршува вониснституционалната битка меѓу премиерот и интегративците. Сепак мали се шансите да диојде до политичко ракување Груевски - Ахмети што го осмисли гермаснката фондација Конрад Аденауер. Таа од вечерва и утре ги собира партиските лидери и шефот на државата со дебата „Пет години од рамковнииот договор“. Претседателот Бранко Црвенковски ќе го отвори собирот во Скопје, на кој ДУИ ќе го испрати потпретсдателот на партијата Муса Џафери. Тој беше и шеф на неуспешните преговоти со ВМРО ДПМНЕ за формирање на новата влада.