1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закон за амнестија за сите на Косово

Рефки Алија/ Симе Недевски30 јуни 2013

Законот за амнестија, кој наскоро би требало да биде усвоен на Косово, ќе важи на целата територија и за припадниците на сите заедници. Со амнестијата нема да бидат опфатени оние кои извршиле кривични дела...

https://p.dw.com/p/18vCd
Фотографија: DW/R. Alija

Дритон Љајчи, портпаролот на Министерството за правда на Владата на Косово, верува дека по најновата бриселска рунда преговори помеѓу премиерите на Косово и на Србија Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, ќе се знае многу повеќе за прашањето за амнестија. Врз основа на предложениот сет закони, веќе сега (меѓутоа) се знае дека тој нема да има политички карактер.
„Тој ќе ги опфати сите оние дела кои се предвидени со стандардите за амнестија. Нема да бидат амнестирани оние кои сториле воен и организиран криминал, организирале трговија со луѓе како и уште некои злосторства кои така се карактеризираат и во светот, и кај нас на Косово. Овој закон не е наменет на една заедница и нема да важи само на одредена територија. Значи, сите граѓани на Косово, сметајќи ги и Србите, можат да профитираат од тој закон“, тврди Љајчи.

Амнестија за сите кои работат во институциите во Србија

Бранимир Стојановиќ, шеф на канцеларијата на Владата на Србија за Косово со седиште во Грачаница, вели дека усвојувањето на тој закон е предуслов за спроведување на бриселскиот договор затоа што, како што наведува, „не сакаме никој да ги злоупотреби информациите кои во тој процес ги поседуваме и не сакаме нашите луѓе да трпат последици од страна на косовските институции во наредниот период.“ „Треба да бидат амнестирани и оние кои работеле во институциите во Република Србија, а работат и ден-денес. Бидејќи, самото работење во институциите во Србија, за одредени луѓе од привремените институции во Приштина, е кршење на законот во Косово. Ние не сакаме, ниту бараме, кој било, кој направил каква било штета некому- да биде амнестиран. Ние не спориме околу тоа оние кои направиле злодела да одговараат поради тоа. Но, јасно да ја одделиме вината- не постои нешто што се нарекув колективна вина, постои индивидуална вина да се каже јасно кој што сторил.“

Амнестијата за припадниците на МВР на Србија во надлежност на премиерот

Кога станува збор за припадниците на МВР на Србија кои сето ова повоено време делувале, најмногу северно од Ибар, Љајчи објаснува:
„За тоа е компетентен премиерот на Косово, затоа што тоа има политичка конотација. Јас верувам оти во врска со таа точка ќе се најде компромис. Граѓаните од српска националност, кои од политички мотиви дејствувале во изминатиот период на северот на Митровица, а не сториле кривични дела- мислам дека за тоа може да се дискутира.“
Флоријан Чехаја, директор на косовскиот Центар за безбедносни студии со седиште во Приштина,  законот го гледа од сопствен агол: „Од безбедносен аспект очекувам дека законот за амнестија ќе предизвика дополнителна поделеност меѓу групите на паралелните структури на северот. Тие групи се, имено, и онака поделени, па категоризацијата на личностите кои ќе бидат амнестирани, ќе се одрази дополнитело лошо врз нив. Јас поголем проблем гледам во зголемување на незадоволството во останатите делови во Косово, особено кај одредени категории затвореници. Да не заборавиме на судењата спроведени од страна на Еулекс, па одредени личности можат да повлечат паралела со амнестијата која ќе биде сторена за структурите на северот на земјата.“

Strassenszene in Mitrovica
МитровицаФотографија: DW
Driton Ljajci Sprecher Jutizministerium Kosovo
Дритон Љајчи, портпаролот на Министерството за правда на Владата на КосовоФотографија: DW/R. Alija

Граѓаните и за и против амнестијата

Граѓаните на Митровица, во зависност дали живеат во северниот дел на градот, главно населен со Срби или во јужниот дел , каде што живее мнозинско албанско население, различно го толкуваат новиот закон. Тала Милован Остојиќ вели: „Па во ред е. Треба да има заштите и за едната и за другата страна.“

Сосем спротивно размислува Аљбан Кастрати кој е против законот за амнестија: „Не знам како нашата влада мисли да ги амнестира оние кои работеа во МВР на Србија и во нивната тајна служба, оние кои убиваа илјадници Албанци по војната, оние кои поставуваа бомби и Митровица ја доведоа во стостојба да биде еден од најризичните градови во Европа.“